Екипата на Тиквеш забележа победа на домашен терен против екипата на Куманово со конечен резултат 36-25 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Тиквеш и на полувреме имаше водство од 15-10. Во второто полувреме Тиквеш продолжи со добрата игра, па на крај да се радува на победа против Куманово.
Најефикасни во редовите на Тиквеш беа Дарио Кофилоски, Мики Лазов, Димитар Коцев и Ани Обина со по пет гола, додека кај Куманово најефикасни беа Давид Димевски и Винисиус исто така со по пет гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014) 📷