Ракометарите и стручниот штаб на Рк Алкалоид беа дел од десеттиот пикник за вработените на компанијата „Алкалоид“ кој традиционално имаше и хуманитарен карактер.
Настанот се организира под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, а се обезбедија околу два милиони денари за организацијата СОС Детско село.
“Општествената одговорност е долгогодишен дел од традицијата на компанијата „Алкалоид“. Покрај во спортот, компанијата се залага и за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која се дејствуваме”, – објавија од Рк Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷