Верниот навивач Димитар Дика како добитник на првото Вардар VIP experience имаше можност пред натпреварот со Валур да биде специјален гостин на клубот.
Покрај тоа што ја посети соблекувалната на Вардар и се фотографираше со ракометарите, доби и дрес потпишан од сите ракометари, и заедничка фотографија со Стојанче Стоилов и капитенот Гоце Георгиевски.
А покрај тоа Дика се обиде да го надмудри Васил Гогов кој ги бранеше неговите седмерци. И натпреварот на кој Вардар триумфираше со 33-26, Дика го следеше од ВИП ложата.
За европските натревари на Вардар по еден симпатизер кој има купено сезонски билет има можност да го добие ова искуство и да ѕирне во соблекувалната и да се запознае со неговите идоли.
(фото – Рк Вардар 1961)📷