Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против екипата на Куманово со резултат 24-20 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше водство од 11-9. Во второто полувреме Куманово се обидуваше да се врати, но сепак Металург Автокоманда ги освои бодовите.
Најефикасни во тимот на Металург Автокоманда беа Марија Јанкуловска и Марија Гугуљанова со по пет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Сузана Зечевиќ со шест гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷