Тинекс Пролет ја забележа првата гостинска победа сезонава откако избраниците на Александар Јовиќ рутински се справија со фенерџијата Радовиќ триумфирајќи со 20-28.
Како што и најавија пред мечот, ракометарите на Тинекс Пролет останаа максимално фокусирани, во ниту еден момент не го потценија противникот и тоа им овозможи од самиот почеток да го контролираат резултатот и да прокнижат заслужени бодови.
Најефикасен во составот на Тинекс Пролет беше Бахар со осум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Здраво Постолов со четири гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷