Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на домашен терен против тимот на Алкалоид во рамките од 11. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Хироки Матсуока изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против тимот на Алкалоид.
“Алкалоид во првенството ги доби сите натпревари досега и мислам дека се најсилниот тим оваа сезона. Се разбира да се победи не е лесно, но се надевам на успех заедно со нашите навивачи. Со нетрпение го очекувам саботниот меч”, – изјави ракометарот на Охрид, Хироки Матсуока.

(фото – ГРК Охрид)📷