Екипата на Младост Богданци забележа победа на домашен терен против тимот на Македонија Ѓорче Петров со резултат 36-30 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци како и на полувремето така и на крајот имаше предност, па заслужено триумфираше против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасни во тимот на Младост Богданци беа Димитар Пеев и Антонио Николоски со по шест гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Божиновски со осум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷