Заврши четвртиот по ред турнир во мини ракомет “5-ка за ракомет’, организиран од Ракометна Школа Седмерец од Охрид.
На овој турнир учество зедоа 10 екипи од кои 8 екипи од сите основни училишта од градот Охрид, под водство на нивните наставници по спорт, и две екипи од Ракометна Школа Седмерец – Охрид.
Прво место освои ООУ “Григор Прличев”, второ место освои ООУ “Живко Чинго”, трето место освои тимот на РШ Седмерец 1 и четврто место освои екипата на РШ Седмерец 2.
(фото – Ракометна Школа Седмерец Охрид)📷