Екипата на Текстилец забележа победа на гостувањето кај екипата на Преспа Вардар со резултат 28-26 во Првата лига.
Иако на полувреме Текстилец имаше висока предност од 16-11, сепак на крај славеше со помала предност против Преспа Вардар.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Филип Џинес со 10 гола, додека кај Преспа Вардар најефикасни беа Иван Костовски, Александар Георгиевски и Димитар Нечовски со по 5 гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷