Жарко Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Шампионот на Македонија продолжува со својата стратегија да ги задржи најбитните елементи од последните две шампионски генерации што е можно подолго во клубот.

Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во клубот.

По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство е што битолскиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафира нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот.

33-годишниот Жарко Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше уште за Металург и Мотор Запорожје.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *