За следниот домашен натпревар на Вардар од плеј-офот во домашното првенство против Алкалоид во продажба се пуштени билетите за натпреварот.
Продажбата на билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Цените на билетите се 200, 250 и 300 денари во зависност од местата на седење во салата “Јане Сандански”.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Алкалоид е закажан за 23 април 2026 година во 18 часот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








