Во Скопје се одржа состанок со претставници од регионот од ракометните федерации, каде домаќин беше РФМ (ФОТО)

Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот.

На состанокот беше усогласено дека од сезоната 2027/28 ќе бидат формирани регионални лиги во полн формат, и тоа во двете конкуренции, со што се отвора ново поглавје во квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и целокупната промоција на ракометот во регионот.

Во женска конкуренција, регионалната лига ќе опфати по две екипи од пет држави – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Во машка конкуренција е предвидено учество на по четири клуба од Србија и Македонија, како и по два клуба од Црна Гора.

Како преодно решение, договорено е во сезоната 2026/27 да се организира натпреварување во скратен формат. Деталите и моделот на тоа натпреварување ќе бидат дополнително усогласени на наредниот состанок, кој ќе се одржи во Подгорица на 20 мај.

Учесниците на состанокот изразија големо задоволство од постигнатиот договор, со уверување дека регионалните лиги ќе донесат поголема конкурентност, атрактивност за публиката и дополнителен поттик за развој на ракометот во регионот.

Заклучено е дека ова претставува важен чекор кон создавање стабилен и квалитетен систем на натпреварување, кој долгорочно ќе биде од корист за клубовите, играчите и навивачите.

(фото – РФМ)📷











Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *