Денес во Скопје се одржа ждребот за групите за Светското првенство во училишен ракомет за кадети и кадетки.
Првенството ќе се одржи во периодот од 22 до 28 април, а домаќин ќе биде Македонија и градот Скопје.
Кадетите на Македонија се во група со селекциите на Саудиска Арабија, Грузија, Бугарија и Република Српска. Кадетките на Македонија се во група со селекциите на Словачка, Грузија и Белгија.
(фото – РФМ)📷








