Филип Кузмановски: Пред нас е уште едно големо првенство

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на подготовки во Стара Пазова (Србија) пред настапот на СП 2025 година.

Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски изјави дека пред репрезентативците е уште едно големо првенство.

„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив. Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“, – изјави ракометарот Филип Кузмановски.

(фото – РФМ)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *