Мигел Еспиња Фереира го продолжи договорот со Вардар

Голманот Мигел Еспиња Фереира (30) ќе го продолжи престојот во Скопје како член на Вардар, до јуни 2027 година.

На големо задоволство на двете страни, клубот и Еспиња ги договорија условите за негово останување со што Вардар ќе задржи уште еден важен член во тимот.

Актуелниот договор на португалскиот интернационалец беше со важност до крајот на оваа сезона, но се активираше клаузулата за останување уште најмалку две.

Еспиња дојде летово во Вардар и заедно со Васил Гогов го сочинуваат голманскиот тандем.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *