Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со претседателот на МРК Куманово, Даниел Трајчевски.
1. Какви се амбициите на Куманово со оглед на тоа што екипата во пролетниот дел ќе игра во плеј-аутот?
- Куманово влегува со големи амбиции каде и да играме, јас мислам дека ќе играме плеј аут и сакаме да бидеме на 1. место.
2. Дали ќе имате уште некое засилување за пролетниот дел?
- Па да ќе имаме и веќе донесовме неколку ракометари, тројца ракометари се од Бразил, еден од Македонија и еден од Хрватска, а ќе има уште неколку ракометари.
3. Вложувате и во младите категории, дали би сакале вашиот тим да игра на Ф4 турнирот во младинските лиги?
- Да стварно вложуваме во младите многу. Тие се најбитниот дел во клубот и сакаме за 2 години 80% да биде составена од ”наши деца” првата екипа. А што се однесува за Ф4 со кадетите и младинците, мислам дека ова година имаме шанси да играме и се надевам дека ќе направиме голем успех за нашиот клуб и за нашиот град Куманово.
4. Дали Куманово располага со добар буџет и има поддршка од Општина Куманово?
- Да Куманово оваа сезона 2024/2025 и наредната сезона 2025/2026 располага со солиден буџет со кој јас мислам дека ќе играме плеј-офф. И имаме голема подршка од општината финансиска и имаме неколку сали кои ни се на располагање и каде што може да тренираат нашите деца и првата екипа и многу други работи кои ни се потребни.
5. Во пролетниот дел има шанса тимот да заигра во новата реконструирана сала во Куманово?
- Да бевме овие денови во новата сала. И мислам дека од пролетниот дел ќе почнеме да ги играме натпреварите во спортска сала. Салата навистина изгледа преубаво и е една од најубавите сали во Македонија, ги има сите услови за развивање на сите спортови во нашето Куманово.


(фото – МРК Куманово)📷