Екипата на Раховец од Косово, во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, откако Горан Андоновски не е повеќе тренер.
Тимот на Раховец на социјалните мрежи објави дека Горан Андоновски повеќе нема да го предводи тимот.
“Му благодариме на Андоновски за големиот придонес оваа сезона во историските резултати, особено во европските натпревари, и му посакуваме продолжен успех во кариерата”, – објавија од екипата на Раховец.
(фото – Рк Раховец)📷