Екипата на Астибо со огромна гордост и упати честитки на ракометарката Елена Вучевска, која успешно дипломираше на Меѓународниот Славјански Универзитет и стекна титула дипломиран инженер по информатика – софтверски технологии.
“Елена е вистински пример за сите нас – посветена, дисциплинирана и упорна како на теренот, така и надвор од него. Таа докажа дека со труд и истрајност може да се успее и во спортот и во образованието. Твоите успеси нè инспирираат и мотивираат да бидеме подобри! Честитки од срце и ти посакуваме уште многу победи, и во животот и на теренот. Астибо е горд на тебе’, – објавија од ЖРК Астибо.
(фото – ЖРК Астибо)📷