По два месеци пауза продолжува Лигата на шампионите во ракомет. Следуваат последните четири кола во групниот сегмент, а во рамките на група А македонскиот првак Еурофарм Пелистер има уште четири кола во битката за елиминационата фаза.
Пред заминувањето во Португалија за медиумите зборуваше тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо.
“Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Мислам дека ова е нивниот натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во напад работевме доста посветени на тој тип на игра”, – изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷