Екипата на Куманово на домашен терен го совлада тимот на Тинекс Пролет со резултат 23-21 во 18. коло од Супер лигата.
Тимот на Тинекс Пролет на полувреме имаше водство од 12-11. Во второто полувреме Куманово имаше подобра игра, па на крај да слави победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Давид Димевски со шест гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски со десет гола.
(фото – МРК Куманово)📷