Куманово се радуваше на победа против Астибо во плеј-офот

Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Астибо со резултат 30-22 во плеј-офот од Женската Супер лига.

Тимот на Куманово и на полувреме имаше високо водство со резултат 17-11, па така во второто полувреме продолжи со водството и на крај да слави победа против Астибо.

Најефикасна во редовите на Куманово беше Мила Мемов со шест гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со осум гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *