Кирил Лазаров: Сакам и очекувам да победиме против Бриксен

Рк Алкалоид одржа прес-конференција на која го најави реваншот со италијански Рк Бриксен во рамки на осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Во овој меч екипата на Алкалоид влегува со позитива од 12 гола од првата средба, каде славеше со 44-32.

„Ракометарите одиграа одлично на првиот меч, сега ни следува реванш во Скопје. Сакам и очекувам да победиме, заради нашиот рејтинг и македонскиот ракомет. Доста добро се подготвивме за овој натпревар и спремни ќе го дочекаме натпреварот против Бриксен”, – изјави тренерот Кирил Лазаров.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Бриксен се игра во сабота во салата „Автокоманда“ со почеток од 18:00 часот.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *