Во Занаетчискиот дом во Куманово, Општинскиот сојуз на спортови на градот ги додели наградите за најдобри спортисти и спортски колективи во сите возрасни категории и спортски дисциплини за минатата 2024 година.
Познатиот и долгодишен ракометен тренер и човек кој остави длабока трага со својата посветеност и работа во кумановскиот ракомет Миодраг Јовановски Црни ја доби наградата за животно дело.
Ракометарот на МРК Куманово, Влатко Тасевски е прогласен за спортист на годината за 2024 година.
Младиот и талентиран ракометар Тино Стојановски го доби признанието најдобар млад спортист, додека во конкуренцијата успешен спортист во најмладата категорија натпреварувачи признание доби и членот Владимир Мицевски.

(фото – МРК Куманово)📷