Составот на Тинекс Пролет забележа победа на домашен терен против тимот на Радовиш со 23-19 во Супер лигата.
На пауза беше нерешено со резултат 11-11. Во второто полувреме Тинекс Пролет со цврста одбрана успеа да ги освои бодовите против Радовиш.
Најефикасни во редовите на Тинекс Пролет беа Александар Василевски и Стефан Атанасовски со по пет гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Лазар Адамовиќ со десет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷