Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги објави судиите и делегатите за 22. коло од Супер лигата во машка конкуренција.
Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат натпреварот меѓу Алкалоид и Охрид, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Душко Камишевски.
Натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Охрид ќе се одигра на 26 март (среда) со почеток од 19:00 часот во салата “Автокоманда”, во Скопје.
(фото – Архива)📷