Екипата на Куманово забележа победа на домашен терен против екипата на Струга со високи 30-21 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако Струга се обидуваше да направи предност, сепак тимот на Куманово не дозволи и успеа да ја надигра гостинската екипа.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Давид Димевски со осум гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Александар Стојков со шест гола.
(фото – МРК Куманово)📷