Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги извлече паровите за Ф4 Купот на Македонија 2025 година што ќе се игра во Охрид од 31 мај до 1 јуни.
Екипата на Еурофарм Пелистер во полуфиналето на 31 мај ќе игра против домаќинот ГРК Охрид.
Во останатиот полуфинален натпревар играат екипите на Вардар против екипата на Алкалоид. Финалето се игра наредниот ден на 1 јуни.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷