Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Мулти Есенс со резултат 28-25 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Македонија Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај да триумфира против Мулти Есенс.
Најефикасни во редовите на Македонија Ѓорче Петров беа Марко Станојоски и Бојан Чакалиќ со по пет гола, додека кај Мулти Есенс најефикасни беа Бобан Поповски, Филип Насевски и Марко Каракалашев исто така со по пет гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷