Екипата на Младост Богданци оствари победа против екипата на Овче Поле со конечни 32-25 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Младост Богданци и на полувреме имаше водство од 19-13, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај да слави победа против Овче Поле.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Симон Мирчески со осум гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Иван Димчевски со шест гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷