Екипата на Астраион забележа победа против екипата на Преспа Вардар со конечни 34-28 во плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Астраион на полувреме имаше водство со минимални 17-16. Во второто полувреме продолжи добра игра на Астраион, па на крај да слави победа против Преспа Вардар.
Најефикасен во редовите на Астраион беше Гоце Аргиров со девет гола, додека кај Преспа Вардар најефикасни беа Иван Костовски, Јовче Милошевски и Александар Георгиевски со по пет гола.
(фото – Рк Астраион)📷