Екипата на Ѓорче Петров, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига ги продолжи договорите со две актуелни ракометарки.
Станува збор за ракометарките Катерина Дамјаноска и Ива Велкова кои остануваат во екипата на Ѓорче Петров.
Ракометарките Катерина Дамјаноска и Ива Велкова се репрезентативки на Македонија и настапуваат на позицијата пикер.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷