Екипата на Јехона, која од следната сезона ќе се натпреварува во Женската Супер лига се засили со нови ракометарки.
Станува збор за ракометарките Елена Ѓорѓеска, која настапува на голманската позиција и Сара Премческа, која настапува на среден бек.
Ракометарката Елена Ѓорѓеска доаѓа од редовите на Шампион, додека Сара Премческа последно настапуваше за Кузман Вардар.

(фото – ЖРК Јехона)📷