Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.
Станува збор за ракометарката Марија Јанкуловска, која останува во редовите на Металург Автокоманда и во следната сезона.
Ракометарката Марија Јанкуловска настапува на позицијата лев бек и важи за една од најталентираните млади бекови во Македонија.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷