Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со потпретседателот на Рк Еурофарм Пелистер, Бојан Стерјев.
1. Еурофарм Пелистер по третпат е шампион со ред во Супер лигата дали си задоволен за досега сработеното во клубот?
- Кога си шампион, не е возможно човек да не е задоволен. Навистина чуството е неверојатно, би сакал секој да може да го доживее ова, а за ракометарите капата долу, изгинаа…!
2. Добри резултати остварија и покажаа младинските категории на клубот и дали во иднина клубот ќе биде посветен повеќе на младинските категории?
- Самите резултати се показател за досегашната посветеност во младинските категории (први во кадети, втори во младинци и пионери, Ф4 во лига на шампиони). Целта на овој тим е постојано да вложува во тие млади категории, со цел да излезе новиот Кузмановски, Пешевски, Митревски…
3. Еурофарм Пелистер 2 избори пласман во Супер лигата за наредната сезона, дали останува праксата на македонски ракометари во вториот тим и дали си задоволен и за успехот на вториот тим?
- Еурофарм Пелистер 2 се враќа каде што припаѓа, со амбиции да се пласира во ПЛЕЈ ОФ, а концептот останува ист.
4. Единствен неосвоен трофеј во витрините на клубот после неколку години останува Купот за наредна сезона амбициите се и тој трофеј да биде освоен?
- Нас амбициите и оваа сезона ни беа за дупла круна, за жал не успеавме, но тоа што е, одиме следната сезона тоа да го оствариме.
5. Што ќе изјавиш за крај на интервјуто како порака за Битола и Македонија?
- Благодарност за неверојатниот пречек, благодарност за поддршката, да даде господ и во понеделник вечер вака исто да ги пречекаат и кадетите кои викендов ќе настапат во Келн.

(фото – Инстаграм/Бојан Стерјев)📷