Екипата на Куманово, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за 25-годишниот Александар Стојков кој игра на позиција десно крило и доаѓа од екипата на Струга, а договорот со Куманово е на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Високиот 179 сантиметри ракометар во својата кариера играше за тимовите на Голден Арт, Мулти Есенс, Алкалоид и веќе споменатиот тим Струга.

(фото – МРК Куманово)📷