Екипата на Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има нов тренер, откако Раул Алонсо си замина од клубот.
“Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот кој поради приватни причини побара да се врати во Германија. Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷