Ракометарите на Бутел Скопје ги стартуваа подготовките за претстојната сезона 2025/2026 под водство на тренерот Горан Кузманоски.
Стручниот штаб ги имаше на располагање сите ракометари на кои ќе смета за новите предизвици на домашна и меѓународна сцена.
Првиот пријателски натпревар ќе биде одигран во Пехчево против екипата на Вардар на 9 август, а потврдени се учествата на турнирите во Струга и Прилеп, каде тимот го очекуваат уште шест натпревари во претсезоната.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷