Под будното око на стручниот штаб на чело со Александар Зарков, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ги минуваат подготовките за сезоната 2025/26 во Пехчево.
Со двојна тренинг сесија и акцект на физичката подготвеност и тактичко-техничката спрема ракометарите на најмладиот суперлигаш до крајот на неделата ќе останат во Пехчево, а потоа ќе се вратат во Битола.
Во втората фаза на подготовки предвидени се контролни натпревари и брусење на формата до почетокот на Супер лигата.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷