Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со судиската двојка Матеј Николов и Драган Начевски, синови на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
- Како е да сте синови на двајцата најдобри судии во Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски?
- Не е лесно, да знаеш дека секој пат кога ќе искочиш на терен дека те гледаат очи не само од нашата земја, туку од цел свет, одговара Матеј.
- Па искрено не е лесно.. константно сме под притисок за тоа како судиме што правиме и слично.. Тешко е некој да ги надмине во светот но ке се обидеме дат стигнеме и приближно до тоа што се они денес, одговара Драган.
2. Колку години судите заедно и дали пред вас имате голем предизвик?
- Судиме вкупно 6 години, но првата сезона не добивме многу акција пради Ковид-19. Пред нас не чека скоро невозможна мисија, но ние сме спремни за се што не чека, одговара Матеј.
- Заедно судиме 6 години, и сметаме дека имаме голем предизвик да, сепак сите очекуваат да бидеме најдобри поради резимето што го носиме па затоа и ке се обидеме да им докажеме на сите кој сме и што сме, одговара Драган.
3. Дали во иднина би ги наследиле вашите татковци Славе и Ѓорѓи?
- Тоа е нашата визија, ние сакаме да ги пројдеме во секој аспект. Иако тоа ќе е многу тешко, спремни сме за сите препреки да ги пројдеме, одговара Матеј.
- Се надеваме да, одговара Драган.
4. Како би ги оцениле вие вашите татковци Славе и Ѓорѓи и дали некогаш прават грешки во судењето
- Тоа е тешко да се каже, дури и за нас, нивниот осет за играта го нема никој, грешки да им бараш е тешко со тоа што не се грешки што обичниот навивач би ги приметил, знаењето нивно за правилата е феноменално каде што нема никој што ги знае како нив, одговара Матеј.
- Одлични судии, па поретко се случува но е нормално на крајот на денот сите сме луѓе, одговара Драган.
5. За крај за интервјуто што ќе изјавите двајцата?
- Верувам ќе успееме во нашата мисија и ќе стигнеме блиску до нивниот успех, се во свое време. Патот нанапред е тежок и непредвидлив, но ние сме спремни да надминеме се што е пред нас, одговара Матеј.
- Имаме многу предизвици што не чекаат, но со многу труд и работа ќе совладаме се што е пред нас, одговара Драган.

(фото – Архива)📷