Ракометарката Ангела Костовиќ и во новата сезона нема да менува клуб и ќе остане во екипата на Краина Ќазин.
Македонската интернационалка Ангела Костовиќ настапува на позицијата десен бек и го продолжи договорот со Краина Ќазин од Босна и Херцеговина.
Костовиќ во Македонија има настапувано за екипите на Овче Поле Славјански Универзитет, Ѓорче Петров и Вардар.

(фото – ЖРК Краина Ќазин)📷