Прилеп го совлада Бутел Скопје, додека Еурофарм Пелистер 2 славеше против Тинекс Пролет на турнирот “Миле Нешкоски”

Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 33-28 во 1. коло од турнирот “Миле Нешкоски”.

Најефикасен во редовите на Прилеп беше Димитар Димитриоски со седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасни беа Дамјан Субашевски и Димитар Узунчев со по пет гола.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 славеше против Тинекс Пролет со високи 27-16 на турнирот во Прилеп.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Азис Махфуд со шест гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Глигоров со седум гола.

(фото – Меморијален турнир “Миле Нешкоски”)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *