Составот на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Загреб со конечни 25-23 во 1. коло од Лигата на шампионите.
Тимот на Еурофарм Пелистер одигра добро прво полувреме и на полувреме имаше водство од 13-12.
Во второто полувреме Загреб се врати, но сепак на крај тимот на Еурофарм Пелистер не дозволи и успеа да слави победа.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со осум гола, додека кај Загреб најефикасен беше Филип Главаш со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷