Екипата на Алкалоид забележа победа на тешкото гостување кај екипата на Тиквеш, во Кавадарци со 24-22 во 2. коло од Супер лигата.
Иако тимот на Тиквеш парираше во поголемиот дел од натпреварот, сепак бодовите ги освои Алкалоид.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Дамјан Митев со шест гола, додека кај Тиквеш најефикасни беа Мартин Манасков, Димитар Коцев и Петар Цветковски со по четири гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷