Вардар на 23 септември го пречекува тимот на Будванска Ривиера во натпревар од Регионалната лига.
Во продажба се пуштени билетите за средбата, која ќе се одигра на 23 септември 2026 година, со почеток во 18 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво онлајн преку vtickets.mk.
Линк за купување билет за натпреварот: https://vtickets.mk/event/rk-vardar-1961-rk-budva/235.
Цените на билетите, во зависност од избраниот блок на салата се: 300 денари и 400 денари.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








