Екипата на Тиквеш ја очекува двомеч на домашен терен против екипата на Еш од Луксембург во 1. коло од Европскиот Куп.
На првиот натпревар тимот на Тиквеш беше поразен од тимот на Еш со конечни 30-27, а денеска го очекува реванш натпреварот во Кавадарци.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тиквеш, Мохамед Азиз Бен Махфуд, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против екипата на Еш.
„Пред сè, сакаме да им се извиниме на нашите Лозари и на цело Кавадарци. На денешниот натпревар направивме грешки, а противникот знаеше да ги искористи. Но, ова беа само првите 60 минути. Утре нè очекуваат нови 60 минути и нова борба. Можам да ветам дека ќе дадеме 1000% од себе за Тиквеш и за Кавадарци. Ќе се бориме до последната секунда и ќе оставиме сè на теренот. Уште еднаш им се извинуваме на нашите навивачи и ги повикуваме утре повторно да дојдат во „Јасмин“ и да бидат со нас. Потребна ни е вашата поддршка и ветуваме дека нема да ве разочараме”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Мохамед Азиз Бен Махфуд.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








