Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа прес-конференција на која официјално беше промовиран „Трофеј Македонија“ и најавен почетокот на Ракометниот караван 2025.
Овие два значајни спортски проекти имаат за цел да го подигнат ракометот на повисоко ниво, да ја зајакнат љубовта кон спортот кај најмладите генерации и да го доближат ракометот до сите љубители низ целата наша земја.
На прес-конференцијата присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, генералниот секретар Влатко Тасевски и координаторот на машките селекции Филип Миркуловски.
Со „Трофеј Македонија“ се отвора можност за уште поголема спортска афирмација и создавање традиција која ќе го збогати спортскиот календар, додека преку „Ракометниот караван“ ќе се реализираат активности низ целата земја со цел ракометот да се доближи до младите таленти и идни шампиони.
Со овој чекор, Ракометната федерација уште еднаш ја потврдува својата мисија – развој, промоција и градење на иднината на македонскиот ракомет.

(фото – РФМ)📷