Михајло и Методија Илиевски ќе го судат дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите за 5. коло од Супер лигата.

Судиската двојка Михајло и Методија Илиевски ќе го судат натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Делегати за натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат двајца, а тоа се: Камер Металари и Ацо Николовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 1 октомври во среда со почеток од 19:00 часот во СЦ “Јане Сандански”, во Скопје.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *