Екипата на Охрид во продолжението од сезоната од Супер лигата ќе биде без ракометарот Ловро Јотиќ кој се повреди.
“На натпреварот со Тиквеш со повреда се здоби играчот на ГРК Охрид Ловро Јотиќ. Во тек се медицински прегледи и според првичните наоди тој ќе биде надвор од терените подолг период. На Ловро Јотиќ му посакуваме брзо опоравување и добро здравје”, – објавија од ГРК Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷








