Ракометарките на Чаир забележаа висока победа против ракометарките на Спартак со убедливи 36-23 во Женската Супер лига.
Составот на Чаир во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па на крај да слави против Спартак.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Рона Мифтари со 11 гола, додека кај Спартак најефикасна беше Зорица Андовска со 6 гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








