Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите за 10. коло од Женската Супер лига.
Судиската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат дербито меѓу екипите на Чаир и Ѓорче Петров, додека делегати ќе бидат Љупчо Јаневски и Душко Камишевски.
Натпреварот меѓу екипите на Чаир и Ѓорче Петров ќе се одигра на 24 ноември во понеделник со почеток од 19:00 часот во салата “7-ми Март”, во Чаир (Скопје).
(фото – Архива)📷








